25 Ноември, 2024
0.0298

Обама ја одржа средбата со нова надеж да се избегне фискалната бездна

Објавено во: Свет 29 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама вчера беше домаќин на првите луѓе на Демократската и на Републиканската партија во Сенатот и во Претставничкиот дом на Конгресот, во нов обид да се спречи паѓањето на САД во таканаречената фискална бездна – серијата зголемувања на даноците и во даночниот праг – автоматската забрана за нови задолжувања.

Прв резултат од средбата на Обама со демократските водачи спикерот на Сенатот Хери Рид и Ненси Пелоси и спикерот на Претставничкиот дом Џон Бојнер и Мич Мекконел кои ги претставуваат републиканците, е договорот тежиштето на разговорите да се пренесе во Сенатот.

Досегашните разговори се водеа меѓу Обама и Бојнер, со цел потребните законски решенија да произлезат од Претставничкиот дом, но тие средби завршија со целосен неуспех непосредно пред грегоријанскиот Божиќ.

Републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, додека демократите се мнозинство во Сенатот и секако го имаат правото на вето на претседателот Обама, поради што двете партии не можат, без меѓусебен договор, да излезат од тешката ситуација.

- Дојдено е време за итна акција. Американскиот народ нема да трпи ако самите си нанесеме политичка рана на нашата економија, изјави претседателот Обама по едночасовната средба во Белата куќа.

Спикерот на Сенатот и близок сојузник на Обама, Хери Рид, сега работи на договор со водачот на републиканската група во Сенатот Мекконел. Главна спорна точка е границата под која нема да се покачуваат даноците.

Обама и демократите бараат даноци да бидат повисоки за сите што заработуваат повеќе од 250.000 долари годишно, додека републиканците бараат да бидат заштитени сите што заработуваат под милион долари годишно.

Демократите имаат солидно мнозинство во Сенатот, 52 наспроти 45 сенатори, но правилата на Сенатот му дозволуваат на Мекконел да блокира евентуална одлука.

Обама, во изјавата за медиумите, најави дека доколку тоа се случи, ќе побара поединечно изјаснување на сенаторите за евентуалниот договор, со што би се обидел вината за неуспехот да ја префрли на републиканците.

Но, доколку сенаторите успеат да се договорат за пакет кој би го спречил покачувањето на даноците, и би содржел мерки за намалување на расходите за социјалните програми, тогаш овој договор би бил усвоен со силно мнозинство и испратен во Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинство од 234 наспроти 201 конгресмен.

Републиканците во Претставничкиот дом претрпеа раскол пред Божик, со голем бунт на нај-десно ориентираните конгресмени против обидот на спикерот Бојнер да му предложи решение на Обама.

Доколку предлогот стигне до Претставничкиот дом, се очекува обид тој да биде изгласан со гласовите на опозициските, демократски конгресмени и со обид на Бојнер да обезбеди што е можно повеќе републикански гласови за да се надомести разликата која им недостасува на демократите.

Повеќемина истакнати републикански политичари, пред се сенаторот Ренд Пол, предлагаат ваква разврска, во која најголем дел од Американците би се спасиле од даночните покачувања, а сепак, изгласаниот пакет би бил јасно сфатен како дело на Демократската партија, а со тоа и евентуалните економски последици од покачувањето на даноците за поимотните граѓани, кои се и главни инвеститори, би им биле припишани како вина на демократите.

Засега не е јасно дали, паралелно со договорот за даноците, демократите и републиканците ќе се обидат да постигнат договор и за покачување на прагот за задолжување над 16,4 трилиони долари, сума која САД ќе ја достигнат до крајот на годинава. Неочекувано во екот на преговорите за даноците и долгот, претседателот Обама донесе извршна одлука со која ги одмрзна платите на вработените во повеќе категории во сојузната администрација. Со тоа, од март следната година, вработените во сојузната Влада ќе добијат покачување од околу половина процент.

Републиканските коментатори веќе го обвинуваат Обама дека, наместо да работи намалување на долгот, им ги зголемил платите и на својот потпретседател Џо Бајден, како и на конгресмените и сенаторите, на кои платите им биле замрзнати од 2010 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната