16 Декември, 2025
0.0424

Обама нема да го признае ерменскиот геноцид

Објавено во: Балкан 22 Април, 2015 13:06

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Барак Обама нема да го признае масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја во 1915 година како „геноцид“, соопшти весникот „Гардијан“.

Белата куќа ја донела оваа одлука поради отпор во Стејт департментот и Пентагон, наведува весникот.

По повеќе од една недела внатрешни дискусии високи функционери во администрацијата на претседателот разговарале во вторникот со лидери на ерменската заедница во САД, пред јавно да ја објават одлуката.

Претставниците на Белата куќа ветија дека САД ќе ја искористи 100-годишнината од трагичниот настани во петокот, за да „повикаат за целосно, често и праведно признавање на фактите“.

Историчари проценуваат дека убиените Ерменци во 1915 година биле околу 1,5 милион лица и според многумина научници тоа може да се дефинира како геноцид. Турција сепак не смета дека тоа било геноцид, и тврди дека бројот на смртни случаи е преувеличен.

„Гардијан“ потсетува дека како сенаторот и претседателски кандидат Обама ги нарече убиствата на Ерменците пред еден век како геноцид и изјавил дека Владата на САД има обврска да го признае тоа. Во кампањата во 2008 година Обама вети дека ќе го признае ерменскиот геноцид, ако стане претседател.

Откако ја презеде власта сепак, Обама не ја користел оваа дефиниција, по секоја веројатност бидејќи Турција е клучен партнер на САД и членка на НАТО.

Јавното прогласување на одлуката во вторникот беше проследена со пораката дека министерот за финансии Џејкоб Лу ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на годишнината во петок во Ерменија. Претходно државниот секретар на САД Џон Кери се состана со турскиот министер за надворешни работи Мелвют Чавушоглу во Вашингтон.

Извори на „Гардијан“ велат дека во Вашингтон има бурна дебата дали да се признае ерменскиот геноцид на 100-годишнината и на тој начин да се исполни предизборното ветување на Обама, особено откако претходно овој месец папа Фрањо изјавил дека масакрот над Ерменците бил геноцид.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени