Добивај вести на Viber
Веднаш по долгата правна битка за да се спречи падот т.н.. фискална бездна, која ќе значи автоматско растење на даноците и намалување на трошоците, претседателот на Барак Обама предупреди дека во САД не можат повеќе да се толерираат уште буџетски спорови . Тој со своето семејство отпатува на краток одмор на Хаваи штом Претставничкиот дом во вторникот го изгласа компромисно решение.
Од Хонолулу во неговото неделно обраќање, тој рече дека новиот закон на земјата е само еден чекор поблиску до решение на фискалните и економските проблеми.
„Имаме уште многу да направиме за Американците да се вратат на работа и оваа земја да почне да ги исплаќа своите долгови. Нашата економија не може да поднесе вакви долги спорови или произведени кризи", рече Обама.
„Збунувачките сигнали на Конгресот ги направија бизнисот и потрошувачите повеќе несигурни, бидејќи минатата година биле создадени нови 2 милиони работни места”, реле Обама.
Инаку во очи на Нова година, законодавците во САД го усвоија законот со кој пораснаа даноците за најбогатите Американци и ги задржаа даночните олеснувања од времето на Џорџ Буш помладиот за лицата и домаќинствата со пониски приходи.
Тоа беше делумна победа за Обама, кој речиси целата предизборна кампања ја темелеше на прашањето за оданочувањето на средната класа и Американците со најниски примања.
Тој изјави дека е подготвен да направи повеќе за намалување на дефицитот и посочи дека зголемувањето на даночните стапки за богатите Американци нема да биде последнотото што се очекува да го направи.
„Намалувањата на трошоците треба да бидат урамнотежени со повеќе реформи во даночниот законик. Најбогатите лица и најголемите корпорации не треба да бидат во можност да ги искористат дупките, кои не се достапни за повеќето Американци “, посочи Обама.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.