Обединетата македонска дијаспора и додели награда „Глобален државник“ на Сиљановска-Давкова
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 10:42
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената гала вечер којашто по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора и доделувањето на наградите „40 под 40“ се одржа во Детроит, Мичиген.
Во рамки на свеченоста, што се одржа под мотото „Наследство на единството: 20 години Обединета Македонска дијаспора“, ОМД ѝ ја додели на претседателката Сиљановска-Давкова наградата „Глобален државник“.
Сиљановска-Давкова ѝ ја врачи наградата „Ќерка на Македонија“ на Мариен Илич, признание што го доделува ОМД.
Специјални признанија им беа доделени на Џери Наумоф – наградата „Македонско наследство во јавната служба“, како и на организацијата „Светска медицинска помош“ – наградата „Пријател на Македонија“.
Четириесет млади припадници на македонската дијаспора ширум светот, успешни и влијателни во своите професии и заедници се стекнаа со наградата „40 под 40“.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




