19 Декември, 2025
0.0480

„ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ УЧЕБНИЦИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ“: министерката Јаневска го честита стартот на новата учебна година

Објавено во: Македонија 31 Август, 2025 14:59

Добивај вести на Viber

Новата учебна година од утре ја започнуваат 245 илјади ученици, а од нив 177.800 се основци, додека уште 67.200 се средношколци, а на темата почеток на новата школска година се огласи министерката за образование, Весна Јаневска, која истакна дека се обезбедени учебници за сите ученици. 
Со учебници за сите, подобрени инфраструктурни услови, вештачка интелигенција во наставата и поголема инклузивност започнува новата учебна година!
Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Прашањето е системски решено и повеќе не треба да биде предмет на дискусија.

Во повеќе училишта условите за настава се значително подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на 1.346 образовни асистенти во основното, но и 130 асистенти за прв пат во средното образование.

Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели, за што изготвено е упатство за нив и наставниците - нагласува Јаневска.

Таа дополни дека од оваа школска година започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот. Наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент, наместо да чекаат ноќ и намалена фреквенција.

- Направени се крупни инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура. Во период од една година отпочнат е инвестициски циклус од 67 милиони евра. Дел од градежните проекти се завршени, а дел во фаза на реализација.

Обезбедена е поголема поддршка за талентираните ученици, односно целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. А за сите ученици е овозможено професионално, односно кариерно насочување.

Според досега доставените податоци од општините, учебната година ја започнуваат 245 илјади ученици, 177.800 основци и 67.200 средношколци. Среќно на сите! - напиша министерката. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот