ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРБИНЦИ: Возило дошло кај школскиот двор, го фатиле и на камера
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023 14:26
Првиот човек на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение.
„Во овој немил настан којшто се случил ова утро некаде после 9:30 часот имало обид за грабнување на две деца односно двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Она што го имам како информации од персоналот на училиштето и од распитот со инспекторите дека имало таков обид, се обиделе оние грабнувачи да ги воведат децата во возилото кое што влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило“, изјави градоначалникот на Општина Карбинци,. Паунов.
Тој објаснува дека настанот се случил после 9 и 30 часот, после третиот час и траел неколку минути.
„Од она што ние успеавме на камерите да го видиме и да го земеме како доказ од страна персоналот којшто во тој момент тука се движеле, децата кои што биле наводни жртви се едното од шесто одделение, другото деветто оделение“, рече Паунов.
За мотивот вели дека остава на полицијата да го открие и да ја расветли целата случка. Повика на поголемо полициско присуство околиу училиштата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




