15 Мај, 2024
0.0351

ОБИД ЗА НАПАД ВО ЊУЈОРК: Kaков е епилогот?

Објавено во: Свет 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Бомбашот кој денеска се обиде да активира бомба во една од најфреквентните сообраќајници на њујоршкото метро е 27-годишниот Акајед Улах од Бангладеш, објави весникот „Њујорк Пост“.

Улах е единствениот повреден во експлозијата на бомбата, а уште три до четири лица побарале лекарска помош од повреди со кои се здобиле при општата паника која настанала во подземниот тунел меѓу метро станиците Тајмс Сквер и Порт Ауторити.

Според телевизијата Си-Би-Ес, Улах носел две експлозивни направи, едната од кои била прицврстена на неговото тело. Едната од бомбите делумно експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му тешки повреди поради кои е хоспитализиран.

Полициските тимови успеале да ја отстранат другата експлозивна направа од неговото тело, по што му е укажана лекарска помош.

Поранешниот полициски комесар на Њујорк, Бил Братон изјави дека, според неговите извори, се работи за исламист кој сакал да изврши напад во Њујорк пред Божиќ, во име на групата Исламска држава (ИД). Улах живеел во САД од пред седум години.

Американскиот претседател Доналд Трамп и градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио биле брифирани со досега познатите информации за инцидентот.

Градоначалникот де Бласио потврди дека инцидентот претставувал обид за терористички напад и рече дека напаѓачот дејствувал сам, без помагачи.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?