Добивај вести на Viber
Во тешка кражба која се случила вчера вечерта во продавницата на Стокомак во скопската населба Маџари биле украдени 710.000 денари. Како што стои во официјалното соопштение од полицијата, кражбата се случила кога засега непознатиот разбојник насилно влегол во просториите на продавницата, успеал да го отвори сефот и оттаму да ги земе сите пари.
Од скопската полицијата јавуваат дека се работи на случајот за пронаоѓање на крадецот.