ОБИЛЕН ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР, ГРМЕЖИ, ГРАД - еве што не очекува од понеделник, синоптичарите најавуваат голема промена на времето
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024 06:54
Новата работна недела ќе ни донесе нови временски состојби, тврди метеопрогнозерот Славчо Попоски. Тој на неговата „Метеоаларм“ објави дека од понеделник (9.9.2024), па речиси во текот на целата наредна седмица територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето.
- Во ваква ситуација времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повеќе места ќе има и развој на конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град - истакнува Попоски.
Потоа дополнува дека се очекува за време на оваа циклонска активност, на повеќе места да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2) локално и над 30 л/м2, со што се можни и локални поплавувања.
- И во Скопскиот регион од понеделник (9.9.2024) па во деновите потоа ќе има честа појава на врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.
Ветерот кој го очекуваме во текот на следната седмица повремено ќе биде со брзина и од над 60 км/час и претежно од северен правец, особено кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд - нагласува Попоски.
Температурите следната работна недела ќе бидат пониски од сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат од 24 до 31 степени. За време на следниот викенд ќе бидат уште пониски и ќе се движат од 19 до 26 степени, а утринските во интервал од 6 до 14 степени, додека на планинските и на повисоките места ќе бидат и уште пониски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




