Објавен оглас на Министерството за енергетика за инвертер клими за ранливите семејства
Објавено во: Македонија 07 Август, 2025 13:48
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година за ранливи категории на граѓани.
Домаќинствата кои ги исполнуваат условите ќе се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа од најмалку А+.
Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник. Повеќе информации како и потребните обрасци за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk .
Мерката опфаќа домаќинства со приходи до 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
Или пак за самец или заедница чиј единствен приход е од корисник на пензија чиј износ е понизок од износот на просечната пензија, односно не го надминувал износот од:15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена.
Доделувањето на правото на купен и вграден инвертер клима-уред го врши Министерството преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата и тоа:
- 120.000.000 денари од предвидените средства ќе се користат за поттикнување на енергетската ефикасност на домаќинствата со ниски приходи, и тоа:
35.000.000 денари за едночлено домаќинство,
30.000.000 денари за домаќинство со два члена,
30.000.000 денари за домаќинство со три члена и
25.000.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
- 50.000.000 денари од предвидените средства ќе се користат за поттикнување на енергетската ефикасност на домаќинство во кое единствен приход е од корисник на пензија, и тоа:
20.000.000 денари за едночлено домаќинство,
20.000.000 денари за домаќинство со два члена,
10.000.000 денари за домаќинство со три и повеќе члена.
„На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто во изминатите 5 календарски години сметано од денот на објавување на овој оглас, користеле субвенција или право на поврат на средства за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од кој било извор и станбениот објект во кој живее домаќинството има приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, не може да се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред од овој оглас“, објави министерството.
Потребни документи:
- Изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна, како и негова согласност за спроведување на мониторинг (образецот на изјавата може да се подигне во архивата на Министерството или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.energy.gov.mk),
- Фотокопија од лична карта на барателот,
- Доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството) и
- Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.
Министерството по службена должност преку Управата за јавни приходи ќе изврши проверка на остварен вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година, преку снабдувачите со топлинска енергија на територијата на Град Скопје ќе изврши проверка дали домаќинството за кое барателот аплицирал има приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија и преку надлежни институции за останатите услови од овој оглас.
Списокот со лица кои се стекнале со правото на купен и вграден инвертер клима-уред ќе се објави на веб-страницата на Министерството
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




