Објавени цените на услугите на сите банки во Македонија
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 09:52
Народна банка на РСМ ја објави електронската алатка преку која може да се видат и споредат актуелните надоместоци за платежните услуги на сите 13 деловните банки во Македонија. Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи, банките имаат обврска податоците да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците.
Оваа можност за прв пат е пред македонските граѓани преку веб – страницата на Народната банка и алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги”.
Преку пристапувањето на копчето „Според давателите на платежни услуги“ може да се селектираат одделни банки, по што излегува преглед на провизиите за секоја одделна услуга, колку чини надоместокот за одржување на платежна сметка, користење мобилна апликација, трансфер на пари дома и во странство, издавање и користење на картички и слично.

Преку овој регистар може да се видат податоците по поединечна банка за видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.
-Со обврската за примена на стандардизирани термини и опфат за најрепрезентативните, односно најчесто користените платежни услуги од страна на банките и нивно редовно доставување до Народната банка за објавување, ќе им се овозможи на граѓаните брзо и лесно да ги споредат понудите и надоместоците за услугите поврзани со платежните сметки, соопшти Народна банка.
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




