Добивај вести на Viber
Израел објави едностран привремен прекин на огнот во Газа од хуманитарни причини. Според најавите, примирјето започнува во 9 часот утрово по средноевропско време и треба да трае седум часа.
Сепак, израелската војска најави дека ќе одговори на евентуални напади од Хамас, доколку се случат во овој период. Примирјето не се однесува на регионот околу Рафах, во северниот дел на Појасот Газа, каде што израелската војска и натаму делува.
Овој потег на Израел Хамас го толкува како „обид да се одврати вниманието на меѓународната јавност од масакрите кои ги врши израелската војска“. Повеќе од 1.770 Палестинци, од кои најголемиот број цивили, се убиени во воените операции на израелската војска во Газа, кои траат веќе 28 дена. На израелска страна, пак, загинаа 64 војници и тројца цивили.
Остри критики Израел доби вчера поради нападот врз уште едно училиште под покровиелство на Обединетите нации, кое се користеше како засолниште за бегалци. Во нападот загинаа најмалку 10 лица, а 30-тина се повредени.
Над илјада Палестинци кои бегаат од израелските напади во Рафах се наоѓале во училиштето во момент кога израелски проектил го погодил влезот на објектот. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го осуди нападот на ова училиште како срамен и криминален чин. Тој побара оние кои грубо го кршат меѓународното хуманитарно право да бидат повикани на одговорност.