19 Декември, 2025
0.0360

ОБЈЕКТИВЕН ПОГЛЕД ОДНАДВОР МОЖЕ ДА НАПРАВИ ЗНАЧИТЕЛНА РАЗЛИКА

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2025 12:39

Добивај вести на Viber

Во брзо менлив свет каде претприемачите секојдневно се соочуваат со нови предизвици, навремена и стручна поддршка може да направи голема разлика. Кога работиме секојдневно во нашиот бизнис, честопати се наоѓаме во „внатрешна перспектива“ – гледаме низ лична призма, одлучуваме врз основа на навики, рутина и искуство. Но, токму тоа, понекогаш не ни дозволува да ги забележиме клучните слабости или можности за раст.

Токму ова го откри и семејното претпријатие ИКС МИЛЕДИ ДОО Куманово, кое со години успешно произведува леб, кифли, бели печива, бурек и други пекарски производи. Основано уште во 1991 година, претпријатието постојано се прилагодува на барањата на пазарот, но во еден момент, со растот на конкуренцијата и новите трендови, почувствува потреба од поголема трансформација.

Иако, на почеток биле скептични, сопствениците одлучиле да аплицираат за програмата за менторски услуги на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, надевајќи се на професионален совет и насока за понатамошен раст. Искористија можност која често се потценува – објективен и стручен увид однадвор.

По одобрувањето на нивното вклучување во програмата, бил назначен ментор кој започнал со детална дијагностика на состојбата во претпријатието. Заедно со сопствениците се дефинираа јасни цели: подобра организација, развој на нови производи, освежување на визуелниот идентитет и проширување на пазарот.

„Менторството ни помогна да ги видиме нештата поинаку. Научивме да ги анализираме нашите идеи, да носиме побрзи и подобро аргументирани одлуки. Го редизајниравме визуелниот изглед на продавниците, создадовме ново лого и изработивме стратешки акциски план. Отворивме и нов продажен објект.“ – изјави ко-сопственичката Соња Русевска.

Со поддршка од менторот, ИКС МИЛЕДИ не само што го освежи својот бренд, туку и доби информации за можности за финансирање и грантови – клучни алатки за понатамошно проширување.

„Сите мислиме дека најдобро си го познаваме сопствениот бизнис. Но менторството ме научи дека често гледаме субјективно и пропуштаме важни детали. Кога искусен професионалец ќе го погледне вашиот бизнис однадвор, може да ви понуди решенија што самите не би ги увиделе.“ – додава Русевска.

Четири години по завршувањето на менторскиот процес, претпријатието бележи постојан раст – и во приходите, и во бројот на вработените.

„Ова е уште еден позитивен пример од спроведувањето на нашата програмска активност -стандаризирани менторски услуги, која успешно се реализира веќе седма година. Нашите ментори им помагаат на малите и средни претпријатија да ги надминат тековните предизвици и да ги постават темелите за понатамошен раст.“ – изјави директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, г-ѓа Даниела Димовска.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги повикува сите претприемачи на мали и средни претпријатија да аплицираат за програмата – “стандардизирани менторски услуги” и да добијат професионална поддршка – со посветеност, стручност и практични резултати.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка