19 Декември, 2025
0.0587

ОБРАЗОВАНИЕ ИЛИ ЗДРАВЈЕ: Властите до чекор на одлуката учениците да останат дома на 1.септември

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020 07:02

Добивај вести на Viber

Лавина од реакции на родителите по помалку прикриената најава на здравствените власти дека од 1.септември наставата, целиот образовен процес ќе започне од далечина, а само првачињата ќе седнат во училишните клупи. Родителите се бесни зошто, како што велат, имаше многу време, целиот образовен процес да биде безбедно организиран за да почнат децата да одат во училиште.

-Ако сиве овие месеци, а имаа од март до август, се размислуваше за решенија, до сега ќе најдеа решение децата од 1.септември да почнат да одат во школо. А, што направи МОН? Прво излезе со некаква студија за рганизирање онлај настава. Значи треба да се разбере дека овие ученици, никогаш, ама никогаш нема да го постигнат загубеното. Тоа ќе бидат страшни пропусти за во новната понатамошна едукација, велат револтирани родители на средношколци од Скопје.

Остри реакции упатуваат заради лошиот начин на организирана онлај настава, нагласувајќи дека на прсти може да се избројат наставници кои знаат како тоа треба да се изведува. Велат дека се додека има таков начин на настава, просветните работници, учителите, наставниците, професорите во средните училишта треба да земаат само една третина од платата.  

-Не може за седење дома и само испраќање материјали на е-мејл да ја земаат платата. Заборавија каде се наоѓаат училиштата, ова навистина нема никаква смисла, остро потенцираат родителите.

Од друга страна, од Комисијата за заразни болести за Фактор нагласуваат дека во моментов епидемиолошката состојба во Македонија наложува наставата да почне да се одвива од далечина. На нашето прашање, дали ова е целосно ретерирање од нивниот досега цврст став дека учениците мора да седнат во школските клупи, ни одговорија:

-Е сега образование или здравје. Најсигурно е учениците да почнат со онлајн настава, па ќе видиме. Може ќе предложиме од октомври да се почне да се оди во училиште, може во ноември, засега не можеме да бидеме сигурни каква ќе биде состојбата. Сметаме дека образованието може да се надокнади, но не смееме да дозволиме каков било ризик по здравјето на децата, истакна за Фактор епидемиологот д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.  

 Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, во училишните клупи на 1.септември ќе седнат најмалите. Ова вчера го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

„Став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да нѐ чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво огрраничување во затворена просторија. Овој став јас го презентирав на седницата на Владата. Со дефинитивен став и заклучок, имајќи ги предвид сите аспекти од Министерството за образование и наука верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена, нагласи министерот Филипче.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот