20 Мај, 2024
0.0321

Образованието на Царовска е бесплатно, откако родителите ќе си платат, реагира Левица

Објавено во: Македонија 27 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Образованието на Царовска е бесплатно, откако родителите ќе си платат, реагираат од Левица. 

Велат дека откако нè задолжија до гуша со цел наводни реформи во образование, гласноговорниците на власта најавуваат дека освен за хонорари, тешко дека ќе останат средства за било што друго. 

„Имено, деновиве слушнавме дека само близу 4.000 ученици (од над 200.000!) исполнувале услови да добијат електронски уреди преку кои ќе ја следат наставата. За останатите ќе си платат родителите, иако во Законот за основно и Законот за средно образование јасно е напишано дека образованието е БЕСПЛАТНО! Веселата математика на претседателката на комисијата за образование на СДСМ и директорка на ДИЦ, Елизабета Наумовска, тврди дека откако ќе заштеделе пари со непечатење учебници, можеби уште некое дете би добило електронски уред за задолжително следење задолжителни содржини во БЕСПЛАТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ! Е, тоа е она кое ни најмалку не ѝ јасно на владејачката булумента: дека ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е ТРОШОК, ТУКУ ИНВЕСТИЦИЈА. Наумовска, дрско и арогантно изјави дека препечатување учебници го оптоварувало државниот буџет, додека само од август до февруари од буџетот биле потрошени над 7 милиони денари само за патни трошоци“, наведуваат од Левица. 

Тие велат дека министерката Мила Царовска прави споредби со Хрватска, но и таму не е така како што кажува. 

„Нека провери и таа. Во Хрватска, откако неколку години се подготвуваа за дигитализација на наставата, почнаа да воведуваат дигитални содржини само во неколку наставни предмети, без да ги исфрлат од употреба печатените учебници, а на сите ученици од основно образование им беа поделени таблети“, се вели во реакцијата на Левица.

Левица потенцира  дека нема да дозволи образованието да биде привилегија на мал број ученици. 

Инаку, инженерот по информатика Николчо Петров упати писмо до Министерството за образование и министерката Мила Царовска како реакција на најавениот нов закон закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со реакција дека семејствата ќе бидат принудени да купуваат постојано нови компјутери и лаптопи во ситуација кога нивната цена е поскапена на пазарот.

Министерството за образование го демантираше пратеникот Антонијо Милошоски дека Предлог-законот за учебници и  други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој предизвика поделени мислења во јавноста, е повлечен од собраниската процедура поради негативни реакции во јавноста.

Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција