05 Декември, 2025
0.0295

Обука за градежниот сектор за градење енергетски ефикасни објекти

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2012 14:19

Добивај вести на Viber

Милион евра од програмата ЦИП - Интелегентна енергија на Европската унија во наредните 18 месеци во Македонија ќе потрошат за спроведување на  проектот „Градење капацитети во градежната индустрија („Build up skills“) за подобрување на способностите за градење на енергетски ефикасни објекти. Целта на проектот е дефинирање на постојната состојба во градежниот сектор во однос на работните вештини кои ги имаат градежните работници за постигнување на целите зацртани во Стратегијата 20/20/20 на ЕУ и подобрување на капацитетите и конкурентноста на градежната индустрија во делот на градење на енергетски ефикасни и пасивни објекти. Носител е Стопанската комора на Македонија, заедно со Агенцијата за енергетика, Градежниот институт „Македонија“, Здружението на бизниси и консултанти „Креација“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии -ФЕИТ. - Во претстојните 18 месеци ќе утврдиме каква е постојната ситуација во градежниот сектор и ќе направиме шема за отстранување на детектираните проблеми за да се создаде национална мрежа која ќе настојува да има поквалификувани работници во градежниот сектор за енергетски ефикасни објекти, изјави извршниот диектор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева пред почетокот на првиот состанок на проектот. Државниот секретар во Министерството за економија Анче Труфунов посочи дека Владата преку Министерството за економија, како национален координатор им овозможи пристап на сите заинтересирани компании и институции до ЦИП програмата на ЕУ за конкурентност и иновации. - Станува зобор за програма која од 2007 до 2013 година нуди можност за пристап преку свои проекти до средства во износ од три милијарди евра. Денешниот проект стартува во делот од потпрограмата Интелегентна енергија во кој се вклучени 27. членки на ЕУ, Хрватска, Норвешка и Македонија, истакна Трифунов. Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Лазар Гечевски воедно и претседател на Насочувачкиот комитет рече дека во наредните 18 месеци ќе се насочи сите стандарди максимално да се имплементираат. - Во следните 18 месеци ќе гледаме максимално коректно да го импелементираме проектот што денеска започнува и да придонесеме за енергетската ефикасност во Македонија. Сакаме да достигнеме 9-процентна ефикасност на градежните објекти во 2018 година, 14,5-процентна до 2020, а до 2050 година се надевам дека ќе ги постигнеме неопходните проценти што ги предвидува ЕУ за нашата држава, рече Гечевски. Со проектот е предвидена ,доедукација и доквалификација на градежните работници за градба на енергетски ефикасни објекти

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“