17 Декември, 2025
0.0477

Обвинение против поранешен градоначалник

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2018 15:10

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.

Тој се товари за несовесно работење во службата, односно дека како градоначалник извршил незаконски избор на директор на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“.

На распишаниот јавен конкурс за избор на директор на јавната установа во кој како посебен услов било предвидено работно искуство од 4 години по дипломирањето, Ристески донел решение со кое за директор на Домот избрал кандидатка која во времето на изборот имала работно искуство од 2 години и 6 месеци по дипломирањето и не го исполнувала посебниот услов предвиден во конкурсот.

Против директорката пак е отфрлена кривичната пријава за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Во конкретниот случај не произлезе дека осомничената на некаков начин ја искористила својата службена положба или овластување, дека ги пречекорила границите на своето службено овластување, па со тоа за себе или за друг да предизвикала некаква корист или на друг да му предизвикала некаква штета, ниту пак ова кривично дело е сторено при вршење јавни набавки или пак на штета на Буџетот на РМ. Надлежниот јавен обвинител утврди дека незаконските дејствија со изборот на осомничената за директор иако таа не го исполнувала посебниот услов наведен во јавниот конкурс ги сторил оној кој го извршил изборот“, информираат од Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели