Обвинение за Дерковски и тројца вработени во ДИК за набавка на софтвер и телевизори за прикажување резултати
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2021
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Дерковски и тројца вработени во комисијата, откако од некомпетентни оператори набавиле софтвер и телевизори за прикажување на резултатите од парламентарните избори на 15 јули 2020.
Обвинетите се товарат за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување" затоа што со две јавни набавки го оштетиле буџетот за 1 312 409 денари, односно не процениле дека операторот „Дуна“ нема компетентна понуда за софтверот за веб-сајтот, исто како и за компанијата „Тардис“ која набавила телевизори за приказ на резултатите иако не била ниту регистрирана како фирма во Бирото за јавни набавки.
И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК,инаку членови на Комисијата за јавни набавки, од февруари до септември 2020 година при набавувањето на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.
„Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот О.Д. како претседател на ДИК без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Откако постапката била поништена, првообвинетиот спротивно на мислењето на Бирото за јавни набавки, донел одлука за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и притоа по негови насоки биле намалени критериумите за вреднување на економските оператори во делот на квалитет. Покани за поднесување понуди за Набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ДУНА ДОО со кој првообвинетиот потпишал Договор за јавна набавка. Иако бил должен пред да го потпише Договорот и пред да го имплементира софтверот да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали истиот ги исполнува бараните услови, тој не го сторил тоа и дозволил истиот да се пушти во употреба без спроведено тестирањето и без направен квалитативен и квантитативен прием на услугата од Договорот. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 899.999,00 денари“, соопшти ОЈО.
За набавка на телевизори што ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка било во консултации со учесник во постапката - обвинетиот И.В. Покани биле испратени до 5 економски оператори на контакт адреси што не биле регистрирани во Бирото за јавни набавки, а единствениот понудувач бил економскиот оператор ТАРДИС ДООЕЛ Скопје. Обвинетиот А.Ш. како претседател на Комисијата за јавни набавки, спротивно на правилата, иако знаел и бил свесен дека обвинетиот И.В. како овластено лице на единствениот понудувач е изготвувач на техничката спецификација, ја евалуирал понудата и во Извештајот за спроведена постапка, без да присуство на членовите на комисијата, дал предлог понудата да биде избрана за најповолна понуда. Обвинетиот О.Д. го прифатил предлогот и донел Одлука за избор на најповолен понудувач за предметната набавка. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 412.410 денари со вклучен ДДВ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.