19 Декември, 2025
0.0413

ОБВИНЕНИЕ ЗА МАЖОТ НАСИЛНИК ОД БУТЕЛ - ја тепал со чадор и ја давел својата сопруга која одвај се спасила

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2025 09:49

Добивај вести на Viber

По грозоморниот настан во скопската населба Бутел, каде маж ја истепа сојата сопруга, која пак, одвај се спасила, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение. 

Како што соопштуваат од Обвинителство, поднесен е Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни,  тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. 

Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција - појаснуваат од Обвинителство.

Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти