Обвинение за возачот на мотоциклот кој го усмрти Југослав на пешачка зона
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 12:57
Обвинителството соопшти дека целосно е спроведена истражна постапка и обезбедени се докази против возачот на мотоциклот кој го усмрти Југослав Николовски во пешачка зона во скопски Центар.
Обвинението е поднесено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
„На 1 јули годинава, во вечерните часови, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, наменета исклучиво за движење на пешаци. Моторот го управувал без воопшто да поседува возачка дозвола и спротивно на сообраќајните прописи, без да ја прилагоди брзината на движење. Имено, иако брзината на движење на моторот била 35 километри на час, што е помала од максимално дозволената на пат во населено место, сепак на наведената локација таа била поголема од безбедна брзина, имајќи предвид дека станува збор за пешачка патека на која моторот можел единствено да го турка, а не и да го вози. Затоа не успеал навреме да запре и удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, роден 1957 година.
При ударот, пешакот и сопатникот на моторот се здобиле со телесни повреди, а обвинетиот го оставил моторот и без да им укаже помош избегал од местото на несреќата. Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде починал, додека сопатникот на моторот се здобил со телесни повреди“, објави ОЈО.
Истовремено е поднесен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




