ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ И УШТЕ ДВАЈЦА ЛЕКАРИ: Задоцнетата реакција на лекарите и го загрози животот на Ваеповска
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2022 18:12
Основното јавно обвинителство-Струга
кривично ќе ги гони тројцата лекари-гинеколози кои пред две години на родилката
од Дебар, Јилдз Ваеповска и го загрозија животот поради нивна задоцнета
реакција, и извадија три здрави органи: јајник, матка и бубрег.
Обвинителството, како што денеска соопшти, покрена обвинение за поранешниот
директор на струшката болница гинекологот Мухамед Асани, еден специјализант по
гинекологија и докторка.
Животозагрозувачките компликации настанале кога лекарите за да ја породат и направиле царски рез, при што гинекологот Асани и неговиот асистент, на Ваеповска и ја оштетиле левата бубрежна артерија по што дошло до нагло влошување на состојбата на пациентката и не презеле никакви мерки за да ги утврдат причините за крварењето.
-Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок. Во такви услови, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената. Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти ОЈО – СТРУГА.
ФОТО: МИАМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




