17 Декември, 2025
0.0594

Обвинетиот за убиството на Немцов признал со сила

Објавено во: Свет 11 Март, 2015 20:08

Добивај вести на Viber

Поранешниот чеченски полицаец, кој призна дека учествувал во убиството на рускиот опозициски активист Борис Немцов, „веројатно го признал убиството при тортура“, изјавил за АФП член на Кремљскиот совет за човекови права, пренесуваат руски медиуми.

„Има причини поради кои мислиме дека Заур Дадаев го признал убиството при тортура“, изјавил Андреј Бабушкин, додавајќи дека видел „бројни повреди“ на телото на главниот осомничен за убиството за време на посетата во затворската  ќелија во Москва.

Заур Дадаев, поранешен заменик-командант на специјалниот полициски одред во Чеченија, беше обвинет во неделата заедно со Анзор Губашев кој работи за приватна фирма за обезбедување во Москва, за грозоморното убиство на критичарот на Кремљ Немцов. Тие, заедно со уште тројца осомничени остануваат во притвор.

Московскиот суд ги ислуша мажите кои се испитуваат согласно став од рускиот криминален законик, кој се однесува за убиства извршени за финансиска добивка, што е знак дека истражителите го сметаат убиството на Немцов како нарачка.

Но, Бабушкин изјавил дека Дадев му потврдил дека признал под притисок, откако беше уапсен во северниот кавкаски регион Ингушетија минатата недела. Дадаев тврди дека поминал два дена врзан и со вреќа на главата.

„Ми викаа цело време:„ Ти го уби Немцов, нели? „Јас им одговорив “не“ ги пренесува Бабушкин зборовите на Дадаев.

Убиството на неколку метри од Кремљ на Немцов, поранешен вицепремиер, кој стана жесток непријател на Путин, е најголемото убиство на опозициски лидер за време на 15-годишното владеење на Путин. 55-годишниот Немцов беше застрелан четири пати во грбот на 27 февруари додека одеше по мост во центарот на Москва заедно со неговата девојка. Убиството ја потресе опозицијата, која го обвини Путин во потиснување на неусогласеноста и Кремљ дека стои зад убиството на еден од последните критичари.

Инспекторите велат дека ја испитуваат и веројатноста тој да е убиен поради критиките кон учеството на Русија во украинскиот конфликт или како дел од планот за дестабилизација на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?