17 Декември, 2025
0.0626

Обвинетиот Заур Дадаев признал: Немцов е убиен поради критиките за исламот

Објавено во: Свет 09 Март, 2015 12:54

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик-командант на чеченскиот баталјон „Север“ од внатрешните сили кон руското МВР Заур Дадаев, кој беше уапсен заедно со другите осомничени за атентатот на рускиот опозиционер Борис Немцов на 27 февруари во Москва, фактички ја презеде вината како организатор на злосторството. Според него убиството е извршено поради повеќекратните изјави на овој политичар против муслиманите и нивната религија, пренесува „Росбалт“.

При објавувањето на веста за неговото апсење вчера судот информира дека Дадаев ја признал вината пред судот. Во судот тој не коментирал за прашањето на вината, а само побара фер судење според законот. Вториот  обвинет Анзор Губашев се изјаснил дека е невин.

Според извор на „Росбалт“ од органите на редот Дадаев изјавил дека во јануари оваа година дознал за работи правени повеќепати од Борис Немцов по реториката против муслиманите кои живеат во Русија, против пророкот Мухамед и самиот ислам. Како силен верник и човек Заур не успеал да го истрпи тоа.

„Всушност Дадаев признал дека е организатор на злосторството“, изјавил изворот на „Росбалт“. „Затоа нема смисла да чекаме некакви бучни изобличини за притвореникот во рамките на оваа истрага“.

Дадаев е голем верник муслиман кој бил шокиран од карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, изјавил вчера претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров.

Соработникот на Немцов од раководството на опозициската партија РПР-ПАРНАС Илја Јашин изјавил преку Фејсбук дека не верува дека опозиционерот е убиен поради критика на исламот, информира електронскиот весник „Газета“.

„Немцов никогаш не кажа лош збор за исламот. Тој беше човек апсолутно толерантен во религиозен план. Секако тој ги критикуваше терористите, кои ги застрелале вработените во редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз. Голем број на јавните личности, сепак го критикуваат далеку по сурово и на повисок глас. Немцов ги критикуваше убијците, но никогаш не кажа лош збор за исламот. Бидејќи верзијата според која демек токму Немцов е огорчен од најсилните радикални исламисти во Русија, не подлегнува на никаква критика“, тврди Јашин.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?