Обвинителот на пат - одложено рочиштето за „Диво насеље“
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Рочиштето за предметот „Диво насеље“ денеска се одложи поради службено патување на овластениот обвинител од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Наредното судење е закажано за 3 ноември во големата сала на Врховниот Суд.
Досега се оддржани околу дваесетина рочишта од кои поголемиот дел беа зад затворени врати поради сослушувањата на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во воените дејствија во Куманово од 9 и 10 мај лани.
Тогаш загинаа 8 полицајци и 10 припадници на вооружената група. На 9 февруари годинава во Основниот суд Скопје 1 повторно започна судскиот процес против 29 лица кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација”и „тероризам”.