Обвинителство и МВР во веледрогеријата Пановски: Отворен е предмет, се испитува паралелен увоз на лекови
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020 12:24
Обнова: Детали од Обвинителство за Фактор
Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал за Фактор потврдуваат дека има акција, но дека е дел од предистрага која била за предмет кој во Обвинителството е отворен претходно по допрен глас, а се однесува на активностите на Пановски во смисла на паралелен увоз на лекови. По издадени, наредби, велат, сега постапува Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал постапува по Наредба издадена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со увоз на лекови. Додаваат дека се вршат проверки во неколку веледрогерии.
Според Телма пак, истражните органи ги проверуваат сомнежите дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство. Се проверува документација за увоз на лекови пред се од Турција.
Според Агенцијата за лекови, Малмед - паралелен увоз на лекови е увоз на лек што има одобрение за ставање во промет и се наоѓа во употреба во земја членка на Европската унија или во Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел, САД, Русија или Турција и е произведен од ист производител на лек што има добиено одобрение за ставање во промет во Република Македонија со иста фармацевтска форма, јачина и пакување и за кои има издадено одобрение за паралелен увоз од страна на Агенција за лекови на база на значителна сличност на дввата лека. Увозникот на лекот што е предмет на паралелен увоз не треба да биде во комерцијална врска односно да биде капитално поврзан со носителот на одобрението за ставање на лекот во промет во Македонија во согласност со добиеното одобрение за лекот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




