ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР: Истрага за лажната дојава за бомба на скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 21 Август, 2025 09:12
По кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поведува постапка против лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам, соопшти обвинителството.
„Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај“, стои во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Од таму посочуваат дека е доставен и предлог за мерка притвор против осомничениот.
„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот образложувајќи ги околностите што го оправдуваат предлогот и упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот“, велат од ОЈО-ГОКК.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




