Обвинителството бара притвор за Мијалков за „Плацеви на Водно“
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021 18:01
Oбвинителството повторно бара притвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека поднело предлог на обвинетиот Сашо Мијалков повторно да му биде определена мерка притвор, откако тој со одлука на Апелациониот суд, е пуштен од притворот.
Обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, сѐ уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави предлогот за притвор.
Инаку, Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро со што поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, излегува од притвор.За оваа одлука имаше реакции од дел од политичките партии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




