Обвинителството откри зошто се урна мостот во Џенова
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Џенова, Франческо Кози вели дека човечка грешка ја предизвикала фаталната трагедија во Џенова при што дошло до уривање на надвозникот.
„Спутник Интернејшенел“ ја пренесе изјавата на Кози кој вели дека по операцијата за спасување, истражувачите ќе ги анализираат „сите аспекти поврзани со развојот, инженерството и одржувањето на мостот“.
Мостот кој се урна кај Џенова, каде загинаа четириесетина луѓе пред две години бил привремено затворен, затоа што неговата состојба барала „интензивна работа за одржување“.
Меѓу загинатите има тројца француски државјани, а албанската амбасада во Рим соопшти дека жртви на несреќата се и двајца албански државјани.
Надвозникот се урна вчера при силно невреме, при што десетици автомобили пропаднаа низ пукнатините, 50 метри под нивото на патот.
фото Спутник Интернејшенел