29 Септември, 2024
0.0308

Обвинителството отвори случај „Феникс“: Повеќе од 16 милиони евра биле префрлени на лажна леарница за споменици

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

По апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, отвори случај „Геникс“, во кој 16.136.150 за леење на споменици од „Скопје 2014“ им биле дадени на италијански леарници кои работата ја завршиле за многу помалку пари.

Обвинителството рече дека за седум лица се предложени мерки притвор, а Тодоровиќ е осомничен за злоупотреба на службената положба,  заедно со поранешен премиер и вицепремиер, како и вработени во Општина Центар.

Станува збор за 11 споменици, еден од тие е Воин на Коњ и други десет споменици, кои се изработени од правно лице од Италија. како што рекоа од Обвинителството, таму има „Лавови, Даве Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Ченто, Цар Самоил,  Јустинијан, Гемиџии, Основачи на ВМРО-ДПМНЕ“ кои се во сопственост на Општина Центар како меморијални споменици. 

Парите се примени од Министерството за култура како капитални дотации. Осомничените лица одбрале леарница, која самостојно не ги исполнувала условите, а биле исфрлени другите понуди за леење на спомениците. осмоосомничен е италијански државјанин, кој ја дал понудата иако немал фирма за дејност леење. Со поддоговори сумата била пренесувана на други леарници со пониски цени, а прикажувал дека тој леел

Голем дел од оваа сума се враќала во Македонија и била подигнувана во готовина а потоа префрлувана на сметките на други правни лица. Текот на парите бил прикриван со конверзија 

„Истрагата е во тек но треба јавноста да биде запознаена. Дел од осомничените се лишени од слобода и Обвинителство има предлог мерки притвор за одреден број на лица и замрзнување на имот - на недвижности, удели и банкарски средства. Неколку претреси се извршени заради спречување на понатамошно оттуѓување“, рекоа од ова Обвинителство.

Фактор утрово објави дека е уапсен газдата на „Тинекс“.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија