19 Декември, 2025
0.0443

ОБВИНУВА ЗА НЕЧЕСНА ИГРА: Jaкимовски поднесе кривична против непознат сторител за ставањето на неговото име на „црната листа“

Објавено во: Македонија 20 Март, 2024 15:40

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против непознат сторител во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

Бара да се спроведе истрага и кажа дека е подготвен да одговара пред кој било истражен орган вклучувајќи ги и тие на Соединетите Американски Држави(САД) и посочи дека има граѓани на земјава без да ги спомне нивните имиња, за кои смета дека се одговорни, како што вели, за целата подготовка околу оваа операција за нивно директно вмешување во изборната трка за претседател.

„Нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до ЈО оддел за организиран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, рече Јакимовски,

Додаде дека ова не е од претставници на Амбасадата и официјалната американска политика туку е од македонски кодоши. 

Претходно, тој кажа дека поради анкетите ова му се случува и тврди дека ќе влезе во вториот круг.

Инаку, заедно со него, истиот ден на црната листа на САД се најде и екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот