„ОЧАЈНО СИ ЈА БАРАМ ЌЕРКАТА“: Мајката на 16 годишното девојче кое пред 3 дена исчезна во водите на Вардар очајно моли за помош
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 11:04
Мајката на 16 годишното девојче кое пред три дена исчезна во водите на реката Вардар, очајно моли за помош на социјалните мрежи.
„Очајно си ја барам ќерката Теодора Бабариќ, 16 години, која пред 3 дена се удави во водите на Вардар, Општина Градско-Уланци. Институциите сите се известени, потрагата се уште трае. Даваат се од себе да ја најдат, сега за сега се води како исчезната. Доколку некој од овчарите, земјоделците, рибарите ја видат во водите на реката Вардар, делот од Градско до Гевгелија, како што тече водата во тој дел, молам за информација, секоја информација е добредојдена. Пријавете во МВР, за побрзо да се најде моето дете, мојата душа. Облечена е во розеви дводели купаќи, црна коса, кафени очи... Ве молам споделувајте за што побрзо да се најде“, објави мајката на Теодора.

„По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага, информираат вечерва од СВР Велес. Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето“, информираа синоќа од МВР.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




