„ОЧЕКУВАМ ИСЧЕКОР КОН ЕУ“: Сиљановска верува во добрата волја и посветеноста на Хрватска и Словенија
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 17:22
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинашната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија.
Како што информираат од Кабинетот на претседателката, укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, Сиљановска-Давкова истакнала дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија.
Претседателката потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“.
За неа, како што се наведува во соопштението, соработката е неопходна заради решавање на заедничките проблеми, како - егзодусот на младите, опасноста од стагнирање на економијата и надминување на безбедносните предизвици.
-Верувам во добрата волја, верувам во добрите намери, верувам во посветеноста на Хрватска и Словенија на процесот и нивната посебна одговорност кон регионот и неговото забрзано чекорење кон ЕУ, заклучила претседателката Сиљановска-Давкова.
Иницијатори на „Процесот Брдо-Бриони“ се Република Хрватска и Република Словенија. Во процесот, покрај нас, вклучени се и Република Црна Гора, Република Србија, Република Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Претседателите на овие земји се состануваат најмалку еднаш годишно. Следниот состанок ќе се одржи во Република Хрватска.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




