Очевидец: Авионот на српскиот претседател паѓаше како камен
Објавено во: Балкан 17 Април, 2015 18:31
Станаа познати деталите околу инцидентот со авионот на српскиот претседател Томислав Николиќ, кој слета принудно во Белград, откако моторите му загаснааа над Јадранското Море.
Една од патничките со „Фалкон“ - Станислава Пак, советничка на претседателот, соопштила за весникот „Вечерњи новости“ дека имало моменти во кои авионот паѓал како камен.
„Трагедијата беше избегната само благодарение на големиот професионализам и исклучителните вештини на пилотите“, тврди таа.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/17/drama-nad-jadranot-avionot-na-nikolik-koj-letal-za-vatikan-vraten-poradi-defekt/" target="blank" ]Драма над Јадранот: Авионот на Николиќ кој летал за Ватикан вратен поради дефект[/button]
Според нејзините зборови, кои се наоѓале во екипата членови на владината делегација планираат во иднина да користат за службено патување само редовни авиокомпании, а денешниот ден секогаш ќе го истакнуваат како свој втор роденден.
Како што соопштија денеска српските медиуми поради прекин на моторите за време на летот, владиниот „Фалкон“ беше принуден да се врати на аеродромот во Белград, наместо да продолжи кон Ватикан, каде Николиќ одеше во државна посета и требаше да се сретне со Папата.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




