Од четврток Атина оди во строг карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 09 Февруари, 2021
Од четврток грчката престолнина Атина оди во строг карантин.
До 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.
Мерките за областа Атика, поширокиот регион на Атина, се воведуваат по препораката на Комисијата на епидемиолози, која денеска одржа вонреден состанок, а Мицотакис рече дека одбрал тој да ги соопшти и објасни одлуките. Грчките власти претходно соопштија дека се воведува построг полициски час во подрачјата на Атика, Солун и Халкидики. Неколку дена по ред имаа по 1.000 заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.