08 Мај, 2024
0.0915

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Зафатените луѓе како банкари, адвокати, претприемачи, мајки со мали деца, на пензионери им поставуваат задача делегирајќи ја на студентите, невработените и домаќинките кои се слободни и заинтересирани за истата.

Чистење и пеглање, пренесување тешки работи, мали куќни поправки, чување домашни миленичиња, краток превод и набавка на карти за натпревари, кино и концерти.

Поставувачите ја одредуваат цената која ќе ја платат за да им се заврши некоја услуга, одредуваат услови, време и место и следи пријава преку интернет.

Вака накратко функционира сепопуларниот сајт „Направи-заработи“ кој го направиле тројца пријатели во Србија.

Јелена Јоксимовиќ и Драгана Јовчиќ се знаат од студентски дом, додека Душан Чемовиќ е дечко на Јелена. 

-„Ние не сме посредници во услуги, туку само овозможуваме контакт помеѓу поставувачот и извршителот. Се е целосно бесплатно, освен услугата која се извршува и тој износ поставувачот директно му го дава на извршителот-објаснуваат Јелена, Драгана и Душан.

Како функционира се? Ви треба пеглање на кошула бидејќи не стигнувате тоа да го направите сами или можеби патувате? Дојдете на www.uradi-zaradi.rs и изберете категорија „чистење и пеглање“ во делот Постави задача. 

Пополнете ја цената, датумот на извршување, локација и напишајте детален опис, односно сите специфики кои се важни за личноста која доаѓа кај вас да пегла. После тоа таа задача им стигнува на меил на основачите на оваа идеја и тие го проследуваат до извршителите во група.

„За секоја задача може да се пријават тројца извршители. Кандидатите ги поминале сите проверки, но ние повторно ги повикуваме поради потврда и за да ни кажат зошто токму тие се добри за таа задача. После тоа на поставувачот му праќаме листа од тројца кандидати со нивно име и презиме, број на телефон, коментари и оценки. На него е да го избере кандидатот, директно да го контактира и договара за понатамошни чекори и исплата. Кога заврши задачата, двете страни ги замолуваме за коментари и впечаток. Вака е моментално, но со другата верзија се ќе биде уште подиректно и транспарентно. Што се однесува на набавката на карти, постојат две опции.Првата е личноста која порачала карта однапред да ја плати, а другата личност која ги набавува картите од свои пари да ја купи, па после и се рефундираат трошоците“, раскажува Драгана како фунцкионира нивниот сајт.

Основачите на овој старт ап кој функционира како правно лице, велат дека идејата потекнува од еден од основачите кој живее во САД каде што постои таков сличен сервис.

Во почетокот состаноците ги одржувале во станот на Душан каде што се создале сите идеи и планови, а сега имаат и канцеларија.

„Кога не видат прв пат луѓето не прашуваат: Колку пари вложивте? или велат Сигурно тука се дадени многу пари.

Заклучуваат врз основа на она што го видат. Парите се важни и потребни, вложено е пари во ова, но сепак и повеќе труд. Штедиме на секој чекор, доста работи правиме сами и учиме, но без поддршка на луѓето, ентузијазам, и ако не се трудите доволно не ви вреди ни ако имате многу пари.

Важно е да слушате што говори пазарот, но најважно е да слушнете што сакаат вашите корисници и нивните потреби да ги вклопите во развој на идеја.

Економијата на споделување во светот бележи голем раст, а таквиот тренд ќе продолжи. Светот веќе ги отвори своите врати за вакви услуги, а авторите на Направи-заработи велат дека е во прашање на време кога оваа услуга во Србија и регионот ќе стане дел од животен стил“,  раскажуваат основачите.

Факт е дека животот се забрзува, премногу обврски не чекаат во текот на денот и имаме потреба да ги препуштиме на некој друг и да ги направи за нас. Па прашање на време е кога вакво нешто ќе почне да фунционира и кај нас.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати