ОД ДЕНЕС ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: До крајот на неделата не очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024 06:00
Циклонската активност која не зафати, останува да влијае на времето кај нас се до крајот на оваа седмица, и истата ќе условува потпросечни температури за овој период од годината, вели метеорологот Славчо Попоски.
Како што најави тој, од денес во попладневните часови, па се до крајот на седмицава ќе има повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално ќе се развиваат и конвективни грмотевични облаци, од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
„И во Скопскиот регион од утре (вторник) попладне, па во деновите потоа ќе има појава на повремен локален дожд. Во делови од регионот тој ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилување на ветерот. Да напоменам дека за време на оваа нова серија на врнежи, локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2). Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, додека наутро тие на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени, додека на високите планински места не се исклучува можноста тие да се спуштат и до близу 0 степени, со што е можна и појава на првиот мраз за оваа сезона“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




