26 Ноември, 2024
0.0409

Маричиќ: Од денеска судските такси се поевтини за осум пати

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека од денеска трошоците за судски такси во првостепена постапка се намалуваат за осум пати, односно од максимални 48.000 на максимални 6.000 денари според законските измени и дополнувања на Законот за судски такси.

- Од денеска тие се од 480 до најмногу 6.000 денари во зависност од спорот. тужите осигурителна компанија, за надомест на штета од 3 милиони денари, ако вредноста е 2 отсто од спорот, граѓанинот до сега требаше да плати за судски такси максимален износ од 48.000 , а сега ќе биде само 6.000 денари. По старата тарифа, за другите понатамошни постапки, ќе платевте 288.000 денари за одлука, жалба и ревизија , а по новата тарифа, најмногу 36.000 денари доколку се жалите. Како втор пример, за долг од 15.000 евра започнувате парнична постапка. Ако судската таса е 2 отсто, по старата тарифа се плаќа 18.600 а по новата само 6.000 денари, рече Маричиќ.

Министерот рече дека ова решение е дел од стратегијата за намалување на сиромаштијата и исполнето ветување од владината програма.

- На луѓето на кои им беше скапо се откажуваа од тоа да ја бараат правдата во судниците. Сега граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да ја бараат правдата, наведе Маричиќ.

Тој додаде дека судовите остануваат сами да ги менаџираат своите приходи, без разлика колку тие ќе се намалат со ова законско решение.

- Ние пред се размислувавме како да им се олесни на граѓаните да имаат пристап. Тоа нема да има трајна и голема штета за судовите. Загубата од судските такси нема да биде на штета на државниот буџет. Граѓани во поголем број ќе се одлучуваат да одат на суд и така ќе има повеќе приходи. Ние и натаму ќе се залагаме за зголемување на судскиот буџет. додаде министерот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ