Од денеска термални камери на скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020 06:42
Од денеска ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанбул и Дубаи на скопскиот аеродором, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на корона вирусот. Ваква одлука претходно донесе Комисијата за заразни болести.
– Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера – изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Како што извести министерот, скопскиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.
На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Членовите на комисијата најавија дека оние со сомнителни симптоми ќе минат низ строги протоколи за преглед и надзор, велат епидемиолозите. Филипче додаде дека станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот.
- Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти забоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања – додаде тој.
Комисијата за заразни болести појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било какава симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




