Од денеска тикетите ќе носат намалени добивки. Кој е во ќар, а кој губи?
Објавено во: Економија 01 Јануари, 2019
Обложувалниците ќе работат денеска со скратено работно време од попладне до вечер што укажува дека ништо нема да се промени во секојдневната потреба на граѓаните од оваа дејност, иако државата им упадна со интервенција која може, но и не мора, да им ги подрасипе „добрите одоси“ со зголемувањето на данокот на личната добивка од 10 на 15 отсто.
Најмногу ќе загубат граѓаните од новото оданочување на добивките од игри на среќа во рамки на новиот закон за данок на личен доход кој стапува во сила од 1 јануари, а во обложувалниците сметаат дека старите навики нема да се променат кај нив.
- Познавајќи ги играчите, ќе реагираат нервозно само првите неколку дена, а потоа ќе се навикнат на промените. Тоа го знае и државата и знае дека обложувалниците нема ништо да загубат и ќе останат „златни кокошки“ за полнење на буџетот. Сигурно нема да сакаат да ги разбркаат обложувачите и да си ги пресечат сопствените крилја. Од друга страна, ланците ќе продолжат да воведуваат дополнителни награди и бонуси за да им компензираат на клиентите - ни изјави оператор директно од уплатното место.
Љубо Николовски - Буцо, долгогодишен администратор, кој во моментов му помага на Euro Lloto да се етаблира на македонскиот пазар, смета дека подружниците и уплатните места и понатаму ќе се шират низ македонските градови и села.
- Обложувалниците ниту реагираа на ова, ниту пак некој ги контактирал за да ги праша, што значи дека се ќе мине на мала врата. Веќе имаше едно оданочување на личната добивка од 10 отсто во 2014-та, но никој не направи анализа како тоа влијаеше на овој сектор. Во меѓувреме се отворија голем број на нови објекти, а тие ќе продолжат да се зголемуваат и в година - вели Николовски.
Од најголемиот ланец на обложувалници Sport Life не сакаат да коментираат предвреме и ќе почекаат да видат што ќе покаже времето.
- По празниците ќе видиме како ќе стартува годината, па ќе донесеме заклучок - гласи официјалниот одговор од Sport Life.
Според проекцијата, од данокот кој се зголемува за 50 отсто планирани се од 17 до 19 милиони евра прилив во државниот буџет.
Основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.
Тоа значи дека клиентот кој одиграл тикет за 50 денари и остварил добивка од 2.000 денари, задржаниот персонален данок за ваква добивка ќе му одземе 292 денари.
Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.
Александар Кузмановски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.