22 Ноември, 2024
0.0290

Од еден до друг попис 60 села останале без ниту еден жител, многу други ги чека истата судбина

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Пописот кој лани беше спроведен во земјава, а чии резултати без презентирани при крајот на март годинава, покажа дека во Македонија 207 населени места се без ниту еден жител. Од еден до друг попис имаме плус 60 празни населени места. Во штипско има дури 14 пусти села, а истата судбина ја делат и 12 кавадаречки села.

Ширум државата има многу празни сега, а има и такви каде сега живее возрасно население и за една деценија веројатно и тие ќе се најдат на оваа листа. Белата чума и иселувањето си го земаат данокот. М-р Драган Георгиевски, директор на Музеј на Град Кратово и  кустос советник етнолог вели дека во кратовско има 30 села, од кои  само десетина се живи села. Објаснува дека планинските села се замрени, а засега жители има само во селата кои се покрај патот кој минува кај Кратово и води кон соседниот град Пробиштип.

„Младите избегаа во 80-те и 90-те години, така што останаа само старите луѓе, и откако ќе починат, селата остануваат празни. Младите веќе не се враќаат во селата, дури и ако има пат, затоа што таму нема градинка, нема училиште за децата. Има села каде сега жителите се на возраст од 70 години и за една деценија и тие се очекува да бидат празни. На пример селото Тополовиќ е празно, Каврак исто така, како и селото Луково“, рече Георгиевски.

Мали се шансите дека во иднина нешто ќе се промени на подобро, затоа што и во поголемите села бројот на населението опаѓа, но ништо подобри не се ниту градовите.

Казафер Емруловски, просветен работник и хроничар од Центар Жупа вели дека на територија на општината има 17 живи села, но и неколку празни.

„Селото Пареши нема жители, има само една викендица. Горно Мелничани е празно, иако има луѓе кои доаѓаат за викенди, но постојани жители нема. Празни се и Ласиќи и Јанковци“, додава Емруловски.

Со години луѓето мигрираат од селата во градовите, од помалите градови кон главниот град поради подобри услови за живот, образование, работа, а сега зема замав и заминувањето надвор од државата.

По две децении од одржувањето на последниот попис во 2002 година, бројот на жители во земјава е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти. Тоа значи дека државата изгубила население колку две или три поголеми општини.

Ако погледнеме како било во минатото, податоците од пописот во 2002 година покажаа дека во Македонија има 147 празни населени места.

Сања Атанасовска

фото Википедија /Петровскиз

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир