ОД ГРАДОНАЧАЛНИК, ДО ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: Со колкаво богатство располага Андреј Жерновски?
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2018 07:46
Лани се откажа од трката за уште еден мандат во скопската општина Центар, а сега јавноста веќе и знае зошто.
Најверојатно, некој на Жерновски му ветил функција во владата, а сега е јасно и која.
Екс градоначалникот кој управуваше со Центар од 2013-2017 година, Андреј Жерновски влегува во владата.
Ќе биде заменик на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Кој е Андреј Жерновски?
Жерновски е дипломиран градежен инженер, а во политички води влегува како советник во Советот на Град Скопје (1996-2000).
Следните две години бил советник на тогашниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов. Жерновски потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати (2002-2006, 2006-2008, 2008-2011). Оженет е и е татко на две деца.
Беше кандидат за градоначалник од опозицискиот „Сојуз за иднината“ на локалните избори 2013, каде бил прогласен за победник во Центар по три изборни круга. За противкандидат го имаше Владимир Тодоровиќ, кој се тркаше за втор градоначалнички мандат, а по прегласувањето Жерновски остварил победа со околу 3 илјади гласови разлика. По преземањето на новата функција, Жерновски најави ревизија на проектот „Скопје 2014“ со цел да се истражат финансиските детали и склучени договори на општината.
Колку „Тежи“ идниот заменик министер?
Во однос на имотниот лист, Жерновски пријавил стан, моторно возило и плата на свое лично име.
Станот според анкетните податоци го стекнал како наследство и тој е со површина од 120 м2 во Скопје, проценет на 150 илјади евра.
Жерновски поседува возило Тојота Корола . Од заеднички имот идниот заменик министер пријавил гаража, земјиште, подрум, но и стан проценет на 96 илјади евра со површина од 96 м2 Скопје.
Од друг имот Жерновски пријавил и банкарски депозити на име на децата, но и една на негово име на која има 10 500 евра.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




