05 Декември, 2025
0.0578

ОД ГРАДОНАЧАЛНИК НА СОПИШТЕ, ДО ДИРЕКТОР НА „ДРИСЛА“: Стевче Трпковски доби нова функција

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Доскорешниот градоначалник на Сопште, Стевче Трпковски, како што информираа градските власти, отсега ќе раководи со ЈП „Дрисла“. Тој преку социјалните мрежи се заблагодари на довербата и вети дека ќе работи чесно.
По 15 години посветена работа и неисцрпен порив да придонесам за подобро секојдневие на граѓаните од Сопиште, денеска добив нова можност – функција која ми дава простор да го вложам своето знаење, искуство и идеи во градење подобро секојдневие за сите граѓани на Скопје.

Поривот е посилен од кога и да е, а одговорноста голема, затоа што верувам дека секој граѓанин заслужува поефикасни и поквалитетни јавни услуги.

Имам јасна визија и конкретни планови и со секоја нова одлука ќе се водам од едно едноставно правило – чекори и мерки во интерес на потребите на граѓаните. Моето искуство и знаење се тука да бидат инструмент за реални и позитивни резултати кои ќе се чувствуваат во секојдневниот живот на луѓето.

Изразувам голема благодарност за довербата која ми ја укажаа сите кои оценија дека токму јас сум соодветен за оваа улога. Верувам во одлична соработка со градоначалникот Ѓорѓиевски, заедно да реализираме промени кои ќе бидат видливи и кои навистина ќе го подобрат животот на граѓаните. Благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истовремено и како претседател на Владата, целосно е посветен од ден на ден, сите граѓани да имаат поквалитетно секојдневие.

Со целосна посветеност, енергија и визија, ќе работиме за град во кој секој ќе се чувствува слушнат, вреднуван и горд што го нарекува свој дом“, напиша тој.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво