Од идниот месец ќе се зголемат и платите на државната администрација
Објавено во: Економија 07 Февруари, 2023
Од март ќе има повисоки плати и за државната администрација.
Линеарно зголемување на платите за повеќе од 2.000 денари од март годинава ќе имаат вработените во државната администрација. Освен најавата за зголемување на минималецот за 2.500 денари, министерот за економија Крешник Бектеши објасни дека ова дополнително зголемување е предвидено во Буџетот за 2023 година.
„Креиравме законско решение во делот на утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите, каде според сите податоци од претходната година, минималната плата во март треба да биде околу 20.500 денари и во приватниот и во јавниот сектор во државата и тие средства се предвидени во сите институции во Буџетот за 2023. Дополнително, за да има еднаквост, платите во државната администрација треба линеарно да се зголемат за околу 2.000 денари“, рече Бектеши.
Тој очекува дека ова ќе помине во Собранието и дека никој нема да се буни. Вели дека ако некој е против, ќе згреши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.