Од јужна Србија одат во Македонија да точат гориво
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018
се повеќе жители на општините Прешево, Бујановац и Врање се повеќе ја користат близината на јужната српска граница и ги полнат резервоарите со гориво на бензинските станици во Македонија, затоа што кај нас бензинот е поевтин од Србија а уште повеќе изгледа така со последниот бран на поскапувања на дериватите, соопшти агенцијата БЕТА.
Најновото поскапување особено најмногу ги мотивира оние од населените места на Врање, кои имаат пат до српско-македонската граница од само 20-тина кимолетри . Ја користат секоја прилика да го наполнат резервоарот до максимум и да дополнат гориво во туби.
Средната цена на безоловниот бензин во Србија во моментов е 1,29 евра, додека во Македонија е 1,19 евра.