ОД КАФУЛЕ, ЗАЕВ ГО ПРОШЕТА ЦИПРАС ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ОД КАДЕ ЈА ВОДЕШЕ СТРУМИЦА: Костадинов им беше домаќин, ги пречека во општинската зграда
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2023 07:19
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во неговиот кабинет.
Веста ја соопштија од Општина Струмица, а во неа стои дека Заев и Ципрас се двајцата поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави.

-Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата, стои во пренесената изјава на струмичкиот градоначалник.
Инаку,во кабинетот, во кој цели три мандати градоначалничкта функција ја вршеше Заев,Костадинов разговарал со двајцата гости за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.
ФОТО: Општина Струмица
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




