ОД ЛЕТО ДИРЕКТНО ВО ЗИМА: Метеоролозите на Балканот најавуваат драстична промена
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2023 13:49
Метеорологот Славчо Попоски најавува дека поларниот вртлог кој следната седмица ќе се спушти на Балканот ќе го донесе првиот снег на планините, особено во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.
-Се работи за поинтензивни врнежи од снег (локално над 40 - 50 цм). Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и до 1000 па и под 1000 м.н.в. За Македонија понатаму следува детална анализа на времето за тоа што точно не очекува следната седмица, и дали овој поларен вртлог ќе не зафати и нас, посочува Попоски.
И хрватските медиуми веќе пишуваат дека од лето директно ќе преминат во зима.
Следат бурни ветрови, обилни врнежи од дожд, и снег на планините.
Метеоролозите наведуваат дека недела носи голема промена, бидејќи студен фронт ќе се приближи од северозападот на Европа. Кон крајот на неделата и ноќта кон понеделник, врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините. Температурите на места во внатрешноста ќе бидат пониски за десет степени. Ќе залади и на Јадранот, невремето најпрво ќе дува во северниот дел, во текот на ноќта најмногу ќе се прошири во поголем дел од Јадранот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




