16 Декември, 2025
0.0847

ОД МИЛИОНЕРИ ДО ПРОСЈАЦИ: Овие луѓе загубиле сè!

Објавено во: Свет 06 Септември, 2014 19:25

Добивај вести на Viber

Кога во животот ќе постигнете се што сте зацртале како цел и кога имате се што сте посакале, тешко е да се навикнете со враќање на дното. Но, токму тоа се случи со овие пет милионери. Тие работеле цел живот за да станат најбогати луѓе на светот, а потоа преку ноќ пропаднале, пишува српски Телеграф. Алберто Вилар Со својот партнер Гери Танака стана еден од соосоновачите во инвеститорската фирма Америндо. На врвот на својот успех оваа фирма управуваше со портфолио вредно 9 милијарди долари, а Вилар чие лично богатство беше околу 1 милијарда долари стана еден  од најпознатите филантропи и покровител на операта. Но компанијата на Вилар беше погодена со крахот на берзата во 2000 година. Неколку години подоцна тој беше обвинет за измами и перење пари. Осуден е на 10 гоодини затвор. Шон Квин Шон Квин беше надалеку познат како најбогат човек во Ирска, со проценето богатство од 6 милијарди долари, но во 2011 година доживеа банкрот. Гордиот сопственик на Квин групацијата, која според проценките вредеше меѓу 4 и 5 милијарди долари во 2005 година, веќе во 2008 година го доживеа првиот удар и на првото место како најбогат човек во Ирска го замени Денис О’Брајан. Со текот на времето целото негово богатство започна да исчезнува, а се соочи и со обвиненија за несоработување со Ирската банка. Ике Батиста Ике Батиста своето богатство го стекна како бразилски крал на рударството, истражувајќи го природниот гас и други енергенси. Тој денеска е бразилски претседател на конгломератот на ЕБХ групацијата, но тоа не значи дека неговата финансиска ситуација е каква што беше некогаш. Во 2012 година неговото богатство се проценуваше на 30 милијарди долари, што го правеше седми најбогат човек на светот и најбогат во Бразил. Само една година подоцна, богатството на Батиста нагло се намали на 200 милиони долари и продолжи да паѓа. Блумберг објави дека загубите на Батиста ќе бидат „историски“, а неговата економска пропаст стана една од најлошите што светот некогаш ги видел. Сега Батиста всушност е во долгови и неодамна изјави има намера да ги исполни своите должнички обврски и оти ниту еден кредит нема да остави неплатен. Бјорголфур Гудмундсон Тој некогаш беше претседател и сопственик на фудбалскиот клуб Вест Хем Јунајтед. По потекло е од Исланд, а неговото богатство се проценуваше на 1,1 милијарди долари и беше на 1014-то место на листата на најбогати луѓе во 2008 година што ја објави магазинот Форбс. Само неколку месеци подоцна Форбс ја ревидираше проценката на неговото богатсво, проценувајќи дека тој „тежи“ 0 долари. Во 2009 година тој веќе прогласи банкрот со долгови од 500 милиони долари. Гудмундсон самиот изјави дека неговата финансиска ситуација може да се припише на неговото поранешно учество во илегални зделки и проневери за кои беше осуден на една година затвор. Ален Станфорд До неодамна претседател на Станфорд финансиската групација, поранешен милионер, а сега служи газна затвор од 110 години во САД. Обвинет е за интернет измами, перење пари и попречување на правдата. Наводно Станфорд учествувал во измами кои се проценети на 15 милијарди долари. Во 2009 година беше уапсен и се изјасни за невин, но потоа беше осуден на 110 години затвор.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“