ОД МУЗИКА ДО ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС: Како од пејач на „Бијело дугме“ се стигнува до одгледувач на лешници
Објавено во: Економија 09 Декември, 2018 07:00
Некогашниот пејач на „Бело дугме“ Ален Исламовиќ кон крајот на 2016-та година, ги засадил првите лешници во Бихаќ, а сега на 2,3 хектари има 1500 садници.
На прашањето зошто баш лешник, Исламовиќ одговара: Лешникот е многу инетресно дрво и научно е докажано дека раѓа од 80 до 100 години, значи со оваа плантажа ќе може да се занимава мојот внук и паравнуци.
„Јас доста се начитав и прочитав за лешниците, посетив и некои плантажи во Македонија, Србија“, истакнува тој и додава дека во Бихаќ има идеални услови за овој лешник.
Исламовиќ вели дека планира да го прошири својот бизнис и дека ќе направи свој бренд во иднина-еко-лешник кој би се пакувал и извезувал на пазарот на Европската унија.
„Имам контакти со Шведска, Данска и Норвешка која е желна за лешници, немаат ни за јадење, а не за производство“, вели тој.
Значајни приноси очекува за 5 години, вели дека секој лешник е регистриран и лиценциран , па за извозот во ЕУ не се грижи.
Ален Исламовиќ неодамна истакна и дека, да знаел оти земјоделството е толку интересно ќе се посветел на тоа поодоамна.
„Во план ми е е мал овоштарник. Би садел цреши, вишни, јаболки, круши, сливи...тоа ќе биде вистински мал коктел-овоштарник“, открил тој.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




