Од пепелта кон нови победи
Објавено во: Мои пари 11 Август, 2025 06:25
Ја информираме јавноста дека нашата фабрика за здрава храна БиоКосмос беше зафатена од катастрофален пожар, како резултат на удар од гром кој опожари околу 80% од објектот – вклучувајќи ги канцелариите, магацините, производната линија и машините. Како компанија, изгубивме речиси сè што материјално сме граделе со години посветена работа.
Но, она што не може да изгори е нашата верба, тимски дух и љубовта кон тоа што го работиме.
И покрај големиот удар, не дозволивме тоа да нè сопре. Во рекордно време изработивме план за рестартирање на производството за само 10 дена. Ги реновираме клучните машини, набавуваме нови залихи, започнавме реконструкција на објектот и го мобилизиравме целиот тим со една цел да продолжиме да создававме здрава и квалитетна храна за сите вас.
До моментот на пожарот, рушевме рекорди во продажба и тука нема да застанеме. Со уште поголема мотивација и посветеност, најавуваме пет нови производи до крајот на годината. Ова не е само обнова ова е нов почеток, нова енергија и доказ за нашата иновациска сила и грижа за потрошувачите.
Овој пожар не не уништи напротив, не зајакна.
Биокосмос не е само фабрика. БиоКосмос е заедница, визија и љубов кон здравјето.
Искрена благодарност до:
Нашиот тим - за обединетоста и борбеноста.
Нашите клиенти - за поддршката во најтешките моменти.
Нашите добавувачи - за разбирањето и партнерството.
Нашите пријатели - за силата и вербата што ни ја дадоа.
Се враќаме.
Не само што ќе го вратиме тоа што го изгубивме туку ќе изградиме нешто уште поголемо.
Поголеми. Посилни. Посветени. БиоКосмос.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




