Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ лагите за закани и уцени ќе ги докажува на суд
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 20:40
Oд СДСМ велат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и безочно лаже.
Ова вечерва на прес-конференција во Собранието, го изјави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
„Најостро ги демантираме изнесените лаги дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или на кој било пратеник му се нудени пари или дека некој му се заканувал или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби до надлежните служби“, вели Костадинов.
Кажа дека тие „лаги“ ќе требало да ги докажат пред суд.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев претходно на прес-конференција во партиското седиште рече дека денеска се случувала вистинска драма во Собранието во која структури на власта и како што рече структури кои одработувале за оваа власт вршеле уцени и притисоци врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕМожеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




